Ферстапен со пол-позиција во Катар

Актуелниот светски шампион Макс Ферстапен од Ред Бул ја освои пол-позицијата за Големата награда на Катар во Формула 1, бидејќи беше најбрз во квалификациите.

Холанѓанецот стигна до пол-позицијата со време од 1:20.687 минути.

Ландо Норис од Мекларен беше втор со заостанување од 0,296 секунди, а трет беше возачот на Ферари, Шарл Леклер, со 0,313 секунди зад Ферстапен.

Возачите на Мерцедес Џорџ Расел и Луис Хамилтон ги освоија четвртото и петтото место.

Меѓу десетте се и Оскар Пјастри, Карлос Саинц, Фернандо Алонсо, Кевин Магнусен и Серхио Перес.

Се вчитува...