Ферстапен совршено до нова пол позиција во Шпанија

Актуелниот првак во Формула 1, Макс Ферстапен беше најбрз во квалификациите за ГН на Шпанија, и на патеката „Каталуња“ стигна со време од 1:12,272 минути.

Тоа беше 24-та пол позиција во кариерата за Холанѓанецот, додека од втората позиција ќе стартува возачот на Ферари, Карлос Сајнц со 0,462 секунди заостанување.

Трет ќе стартува Ландо Норис од Мекларен кој заврши со задоцнување од 0,520 секунди од првопласираниот Ферстапен. Во првите пет влегоа и Пјер Гасли и Луис Хамилтон.

Се вчитува...