„Ферстапен требаше да биде дисквалификуван!“

Поранешниот Формула 1 возач Џони Херберт изјави за „Sky Sports“ дека актуелниот шампион во најбрзиот караван Макс Ферстапен заслужил да биде дисквалификуван поради неговите постапки на Шпанското ГП.

Актуелниот шампион најпрво се обиде да му се закани на доминантниот Мекларен со поинаква стратегија.

Во доцната етапа од трката – по излегувањето на безбедносното возило – сепак се најде на третото место, зад  Оскар Пјастриј и Ландо Норис.

Ферстапен остана без употребливи меки и среднотврди гуми, а при посетата на боксот, на неговиот болид беше поставен комплет тврди, по што следеа проблеми.

Губење на третото место од возачот на Ферари, Шарл Леклер, а потоа и спорниот дуел, кога Макс дојде до предност со излетување од патеката и инцидент со Џорџ Расел од Мерцедес.

Нико Розберг и Херберт  се согласија дека Холанѓанецот требаше да биде многу построго казнет.

„Се согласувам со Розберг. Макс требаше да добие црно знаме и да биде дисквалификуван. Има ситуации кога едноставно треба да бидеш строг кон возачот. Ферстапен го достигна тоа – имаше голем број инциденти како овој. Макс е најдобриот возач – во однос на темпото и расудувањето кога се трка, но тој редовно предизвикува контроверзии“, рече Херберт.

Се вчитува...