Ферстапен тргнува прв во последната трка во Ф1

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата пред трката Формула 1 за ГН на Абу Даби, последна од овогодинашниот шампионат.

Актуелниот првак остври резултат ос 1:23,445 минути, односно беше за 0,139 секунди побрз од вторпласираниот Шарл Леклер. Трет ќе стартува Оскар Пјасти од Мекларен, а четвртото место го имаше Џорџ Расел од Мерцедес.

Во десетте први влегоа уште и Норис, Кунода, Алонсо, Хулкенберг, Перес и Гасли.

Се вчитува...