Непосредно пред почетокот на новата сезона во Формула 1 шампионатот специјализираниот сајт „RacingNews365“ ги објави платите кои ги имаат возачите во најбрзиот шампионат на светот.
Убедливо најплатен е трикратниот шампион Макс Ферстапен кој ќе добие од Ред Бул 55 милиони евра само за оваа сезона. Зад него е Луис Хамилтон кој во последната година од договорот со Мерцедес ќе заработува 45 милиони евра, а зад него Шарл Леклер со плата од 34 милиони евра.
На четвртото место е Ландо Норис со примања од 20 милиони евра, а на делба на петтото место се Расел и Алонсо со по 18 милиони евра. Зад нив е клупскиот колега на Ферстапен, Чико Перез со заработка од 14 милиони евра.
На дно на листата се наоѓаат Јапонецот Јуки Цунода и Американецот Логан Сарџент со плата од по еден милион евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА