Четирикратниот последователен шампион Макс Ферстапен имаше пофални зборови за најбрзиот човек во Саудиска Арабија, Оскар Пјастри.
Суперталентираниот возач на Мекларен победи на трката за Големата награда на Бахреин и Саудиска Арабија со разлика од само една недела, а исто така беше на највисокото скалило на подиумот во Кина. Овие резултати беа доволни да се најде на чело на трката за пехарот наменет за најдобриот возач светот, пред клупскиот колега Ландо Норис.
Неговото фантастично возење го коментираше и Холанѓанецот, кој во Саудиска Арабија заврши зад Австралиецот.
„Го кажав тоа и порано, луѓето понекогаш забораваат – минатата година му беше само втора сезона, сега е во третата. Тој е многу солиден и крајно смирен во пристапот, ми се допаѓа тоа. Тоа го гледате на патеката, речиси и не греши. Тоа е токму она што треба да го направите ако сакате да се борите за титулата. Многу му помага што го има Марк Вебер со него“, изјави Ферстапен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА