Ферстапен за стјуардите: Глупави идиоти!

Макс Ферстапен допатува без никаков притисок на денешната последна трка од Формула 1 шампионатот во Абу Даби, новата титула веќе беше осигурана, но холандскиот ас повторно го покажа својот незгоден темперамент.

Тој беше виновен за инциденто во првиот круг кога го закачи болидот на Оскар Пијастри, по што двајцата возачи излетаа од патеката. Стјуардите на трката по прегледувањето на снимката го казнија Ферстапен со десет секунди, по што тој гласно реагираше: А можеме ли да побараме казна од 20 секунди за мене? Глупави идиоти.

Светскиот првак по трката обелодени дека му се извинил на Пијастри, но уште еднаш го потврди својот став дека не требало да биде казнет за инцидентот.

„Пресреќен сум што сезонава конечно заврши. Првата работа што ја направив по трката е извинувањето до Пијастри. Затоа што немав што да добијам, ниту пак да загубам… се обидов да го минам и не ми успеа… Немаше потреба од било каква санкција, но Оскар ми е пријател и чувствував потреба да му се извинам за она што се случи“, прокоментира Ферстапен.

Се вчитува...