Ферстапен: Завршив со Крис Хорнер

Конфликтот меѓу првиот човек на Ред Бул Кристијан Хорнер и таткото на Макс Ферстапен, Јос влезе во нова фаза.

Холанѓанецот, и самиот поранешен возач на Формула 1, го обвини Хорнер дека го саботирал неговото учество на Парадата на легендите на Ред Бул пред трката за ГН на Австрија.

„Колку треба да си дете за да се користиш со такви работи? Хорнер се однесува како да е во градинка. После сето ова, ја завршивме приказната за сите времиња“, изјави Јос.

Односите меѓу двајцата беа лоши уште откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување на вработена во Ред Бул. Беше покрената истрага, но се заврши многу брзо и Хорнер брзо беше ослободен од одговорноста.

Се вчитува...