Актуелниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, за медиумите откри кој според него би бил најдобар тимски колега. Тимот на Ред Бул доминираше во Формула 1 караванот во последните две сезони, каде што освоија две титули во конкуренција на конструктори, додека Макс ја имаше најдобрата сезона во историјата на најбрзиот циркус во светот.
Иднината на Серхио Перез со кој Ред Бул се уште не е сигурен дали сака да ја продолжи соработката се уште е неизвесна, а Макс знае кој би бил идеален за таа позиција.
„Ако не би можел да се изберам сам, тогаш тоа би бил Норис. Тој е сè уште млад, му претстои голема кариера. Може да биде многу брз“, изјави Холанѓанецот.
Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 2. март со Големата награда на Бахреин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА