Фешта на „Максимир“: „Ножички“ на Петковиќ, Динамо води со 2-0 против Бодо

Динамо Загреб е многу блиску до пласман во групната фаза од Лигата на Шампионите, откако „модрите“ уште во првото полувреме поведоа со 2-0 на реваншот против Бодо Глимт.

Хрватскиот гигант имаше негатива од еден гол од првиот меч во Норвешка, но вечерва игра одличен меч и експресно поведе преку Оршиќ.

Најубавиот момент на мечот беше вториот гол за Динамо, ремек-дело на Бруно Петковиќ, кој со ножички го матораше норвешкиот голман.

Се вчитува...