Фешта по улиците: Хамбург е обоен во портокалово (видео)

Холандија попладнево од 15 часот ќе го игра својот прв меч на ЕВРО 2024, а навивачите на „лалињата“ имаат свое шоу по улиците на Хамбург. Атмосферата е феноменална, армијата фанови се забавува низ улиците подготвувајќи се да се упати кон арената каде нивните миленици ќе се обидат да им донесат радост.

Нема сомнеж дека Холандија ќе има поголема поддршка на овој меч, а останува да се види дали избраниците на Роналд Куман ќе го искористат тоа за да стигнат до посакуваната победа.

Се вчитува...