Фешта во Белград: Партизан ја демолираше Болоња за прва евролигашка победа

Во четвртото коло од Евролигата, Партизан стигна до првата победа во сезоната, и воедно првиот триумф по осум години откако во Белград славеше против Виртус Болоња со убедливи 90-62. Избраниците на Жељко Обрадовиќ одлично го започнаа натпреварот, рано стигнаа до висока предност и истата не ја испуштија до самиот крај за големо славје со своите навивачи во преполната арена.

Нанали беше лидер на Партизан со 20 поени, 4 скока и 4 асистенции, а него го следеа Анџушиќ и Лесор со по 14 поени. Бако беше лидер на Болоња со 11 поени и 4 скока, додека Вимс броеше до 10 поени.

Пред домашната публика славеше и Жалгирис кој направи голем подвиг совладувајќи ја Барселона во неизвесна завршница со 73-72. Каталонците го имаа последниот напад на средбата и можеа да стигнат до победа, но Саторански воопшто не упати обид кон противничкиот кош.

Неизвесно беше и во Минхен каде Веб беше трагичар за Баерн Минхен во дуелот против Милано. На 3 секунди пред крајот имаше шанса од линијата за слободни фралња да му донесе предност на својот тим од еден поен, но откако ги промаши двете миранта рака на Берон на спротивната страна го постави конечниот резулат од 81-83.

Во останатите натпревари Фенербахче славеше со 79-77 против Валенсија, Макаби беше убедлив против Асвел со 88-69.

Се вчитува...