Интер прв стигна до предност и на реваншот во Милано, откако „нероаѕурите“ успеаја да го отворат резултатот против Барселона, сериозно зголемувајќи си ги шансите во битката за место во големото финале.
Пресингот на италијанскиот првак им создава многу проблеми на каталонците, а токму по една таква ситуација и украдена топка на триесетина метри од противничкиот гол, Дамфрис избегна офсајд замка, потоа несебично го проигра Лаутаро Мартинез, а капитенот на Интер немаше тешка задача да ја смести топката во мрежата.
Погодокот на Лаутаро за водство на Интер против Барселона можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

