Елјиф Елмас и неговиот Наполи сигурно чекорат кон титулата во Серија А, откако во дерби натпреварот буквално го уништија Јувентус со 5-1 како дел од 18. коло во најсилното италијанско натпреварување.
„Наполитанците“ брзо стигна до водство од 1-0 со голот на Виктор Осимен во 14. минута. Веќе во 37. беше 2-0 со погодокот на Квараскелија. До крајот на првиот дел гостите успеаја да намалат преку Ди Марија на 2-1 во 42. минута.
На полувреме во игра влезе и Елмас, а Наполи заигра уште подобро. Прво Рахмани во 55. донесе водство и од 3-1, додека Осимен со својот втор погодок во 65. минута зголеми на 4-1. Конечните 5-1 ги постави токму нашиот интернационалец во 72. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА