Фешта во Париз: Зидан и Анри го победија дрим-тимот на Венгер

Шампионската генерација на Франција од 1998 година приреди вистинска фудбалска фешта во Париз, одбележувајќи ја 20-годишнината од освојувањето на првата светска круна во фудбалската историја на оваа земја.

„Триколорите“ за противник имаа дрим-тим предводен од Арсен Венгер од поранешни асови, Виери, Стоичков, Ето, Давидс, во второто полувреме во игра влезе и Усаин Болт, но Франција беше тимот што на крајот се радуваше на победа од 3-2. Зинедин Зидан за разлика од финалето против Бразил овојпат еднаш се запиша меѓу стрелците, Тиери Анри исто така ја затресе противничката мрежа, како и Кандела.

Стрелци на головите за дрим-тимот на светот беа Мориентес и Мендиета.

Се вчитува...