Фешта во Сплит: Ракитиќ го даде првиот гол за Хајдук (видео)

Иван Ракитиќ летово пристигна како суперзасилување за Хајдук, а верната сплитска публика вечерва имаше причина за славје откако големиот ас го постигна првиот гол за овој клуб.

Ракитиќ беше стартер на дуелот со Шибеник, а само неколку минути му беа доволни за мајсторски да втрча во празниот простор во противничкиот шеснаесетник, а потоа и да го матира голманот на Шибеник.

Погледнете го првиот гол на Иван Ракитиќ во дресот на Хајдук…

Се вчитува...