Фешта за паметење: Рома со дочек за Дибала што Аргентинецот ќе го памети цел живот (видео)

Пауло Дибала по долго размислување на крајот ја избра Рома за нова дестинација во кариерата, а управата и навивачите на „волчицата“ се погрижија Аргентинецот да има дочек што ќе го памети цел живот.

Во „вечниот град“ беше организиран спектакл пред илјадници фанови, кои излегоа да го поздрават новиот миленик, кој без сомнеж ќе биде значаен адут на Жозе Мурињо во атакот на трофеи во новата сезона.

Дибала не можеше да поверува во она што го гледа, јасно е дека дочекот ќе биде само мотив повеќе за да им се оддолжи на верните фанови – со многу голови во дресот на „римската волчица“.

Се вчитува...