Шкендија оствари историски успех со пласманот во третата квалификациска рунда за ЛШ, што сам по себе значи учество во групната фаза во едно од европските натпреварувања на УЕФА.
„Црвено-црните“ можат да бидат горди на своите изданија на двомечот со романски ФЦСБ, а тетовски навивачи сторија се за да им покажат колку се благодарни за ова испишување на фудбалската историја на Шкендија.
Фудбалерите, стручниот штаб и членовите на управата по пристигнувањето од Букурешт беа дел од специјална програма во центарот на Тетово, каде илјадници фанови дојдоа да го прослават големиот успех, но и да им изразат поддршка на играчите пред претстојниот двомеч од третата квалификациска рунда, во која македонскиот првак ќе се сретне со екипата на Карабах.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

