Фештата трае, никој не сака да си оди дома (видео)

Вардар го одигра во голем стил својот последен домашен европски натпревар во овој состав, а навивачите во „СЦ Јане Сандански“ се свесни дека присуствуваат на историја, па не сакаат да ја напуштат арената.

И дваесетина минути по последниот судиски свиреж еуфоричната прослава на победата се уште траеше, публиката остана на трибините за да ги поздрави своите миленици, заблагодарувајќи се на тој начин не само за денешниот триумф, туку и за бројните причини за радост што „вардарци“ им ги подарија во изминатите години.

 

Се вчитува...