Двократниот Ф1 шампион, Макс Ферстапен стигна до нова убедлива победа во сезоната, откако на доминантен начин славеше на трката за големата награда на Канада.
На патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал водеше уште од првиот круг и во ниту еден момент не им дозволи на неговите противници да ја загрозат победата.
Второто место му припадна на неверојатниот Фернандо Алонсо во болидот на Астон Мартин, додека подиумот го надополни Луис Хамилтон во Мерцедес.
Во топ 10 уште се најдоа и: Леклер, Сајнц, Перез, Албон, Окон, Строл, Ботас.
Трката не ја заврши вториот возач на Мерцедес, Џорџ Расел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА