Фетаи: Задоволен сум од моето деби, против Ирска знаевме дека ќе мораме да играме цврсто

ЕКИПА во Даблин
Владимир Булатовиќ

Имран Фетаи го имаше дебито во националниот тим на Македонија кое ќе го памети по тоа што селекцијата не прими гол на гостувањето во Даблин. Стоперот по мечот истакна дека е задоволен од настапот, и изрази задоволство од резултатот против една цврста селекција.

„Задоволен сум од мојот настап како прв натпревар. Се надевам дека ќе продолжам во исто темпо. Ирска е цврст тим и знаевме дека ќе треба против нив да играме така цврсто. Беше играта цврста и мислам дека сме сите задоволни од овој резултат“, изјави Фетаи.

Се вчитува...