Крајот на Формула 1 шампионатот за оваа сезона ќе донесе и крај на една ера. Во пензија заминува Себастијан Фетел, четирикратниот освојувач на шампионската титула, Германецот кој зад себе има 53 победи и 122 пати се искачи на подиумот.
Но, и покрај блескавата кариера германскиот возач смета дека брзо ќе биде заборавен. Како што вели тој, ништо не трае вечно…
„Време е да заминам. Не знам дали би се одлучил за истото доколку во последните години бев компетентен, доколку се борев за победи. Никогаш нема да дознаам, но јасно е дека чувството да поминеш на крајот како прв или десетти не е исто“, изјави Фетел кој вели дека брзо ќе биде заборавен.
„Можам да ви објаснам зошто. Британија сега го има Кралот Чарлс. Тој е трет монарх со ова име. Дали некој ги памети претходните два? Веројатно не. Наскоро ќе дојдеме до моментот кога сите ќе ме заборават. Тоа е едноставно, ништо не трае засекогаш“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА