Себастијан Фетел излезе како победник од денешните квалификации за пол-позицијата за ГН на Сингапур, откако возачот на Ферари одлично се снајде на ова улично натпреварување. Прогнозите беа дека болидите на Ред бул би требало да доминираат на оваа трка и тоа беше случај се до крајот на втората квалификациска рунда, кога на чело се наоѓаа Ферстапен и Рикиардо.
Сепак, Фетел извозе одличен круг кога беше најважно, по што неговото време се покажа недостижно за ривалите и тој ќе ја стартува како првопласиран утрешната трка. Зад него ќе се најде Ферстапен, па Рикиардо, двајцата од Ред бул, додека од четвртата позиција ќе стартува Кими Раиконен.
Луис Хамилтон, кој му е главен ривал на Фетел во генералниот пласман и кој досега доминираше на квалификациите, овојпат потфрли и го освои само петтото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА