Себастијан Фетел со секој нов настап се погласно ја истакнува својата кандидатура за титулата во Формула 1. Возачот на Ферари возеше извонредно во последните неколку дена на патеката во Сочи, па денеска оствари и најдобро време во официјалните квалификации, па утрешната трка за Големата Награда на Русија ќе ја стартува од првото место.
Ферари доминираше во однос на ривалите, па така Фетел ја освои првата позиција, а крај него утре ќе стартува тимскиот колега Кими Раиконен. Разочарувачки настап имаше фаворизираниот Луис Хамилтон, кој утрешната трка ќе ја почне од четвртото место, зад својот тимски колега од Мерцедес, Валтери Ботас.
Даниел Рикиардо во Ред бул ќе стартува како петтопласиран, пред ветеранот Фелипе Маса, а Фернандо Алонсо повторно не се пласираше во последната квалификациска рунда, освојувајќи го само 15. место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА