Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел, вели дека константните победи на Мерцедес стануваат здодевни. Германскиот тим има 1-2 победи на сите четири трки сезонава, по два пати триумфираа и Луис Хамилтон и Валтери Ботас.
„Здодевно нели? Многу здодевно. И не само на овие четири трки, така веќе четири години“ – вели Фетел.
Сепак, тој верува дека неговиот Ферари ќе успее да направи пресврт и оти ќе биде конкурентен до крајот од сезоната.
„Мора да работиме повеќе и мора да работиме подобро. Имаме добар болид, но мора да се подобриме. Секако, мора да го почитуваме тоа што ним им оди феноменално и многу добро знаат што прават со болидите“ – смета Фетел кој со Ред Бул од 2010 до 2013 година освои четири шампионски титули.
Фетел во моментов е на третото место во поредокот на возачи со 52 бода, далеку зад двоецот на Мерцедес, Ботас кој има 87 и Хамилтон кој е со бод помалку. Вториот возач на Ферари, Шарл Леклер е петтопласиран со 47 бода. Во конкуренција на конструктори, Мерцедес има 173 бода, Ферари е втор со 99.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА