Интересно е на трката за ГН на Азербејџан низ улиците на Баку, откако дел од возачите предвреме го завршија натпреварувањето. Сепак, најинтересен момент на трката беше судирот меѓу Себастијан Фетел и Луис Хамилтон, кога Германецот се удри во задниот дел од болидот на големиот ривал, и тоа додека на патеката се наоѓаше „сигурносно возило“.
По прегледување на инцидентот стјуардите донесоа одлука да го казнат Германецот со десет секунди при влегување во боксот, казна што сигурно го оддалечува Германецот од битката за триумф на оваа трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА