Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, го откажа настапот на „Трката на шампионите“ во јануари 2018, на која е еден од најредовните учесници уште од 2009 година. Наместо тоа, Германецот целосно ќе се посвети на подготовките за следната сезона и ќе биде фокусиран на стимулаторите на Ферари.
„Целта ми е да го однесам Ферари на врвот. Мислам дека ќе биде извонредно ако ја донесам титулата во Маранело, онака како што тоа го направи Михаел Шумахер. Тој се уште за мене е инспирација“ – откри Себастијан Фетел.
Следното издание на „Трката на шампионите“ во јануари 2018 година, за прв пат ќе се одржи во Саудиска Арабија.
Во сите досегашни настапи на оваа престижна трка во мотоспортот, Фетел завршувал со индивидуална или со тимска титула. Минатата сезона тој сам ја освои клупската титула „Куп на нациите“ откако неговиот тимски колега, Паскал Верлејн се повреди. Претходните шест титули за Германија во „Купот на нациите“ пак беа освоени од тимот на Себастијан Фетел и Михаел Шумахер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА