Четирикратниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел смета дека Мајкл Маси треба да остане директор на трките во Формула 1 шампионатот, и покрај контроверзните одлуки кои ги имаше во текот на целата мината сезона, а кулминираа со последниот круг на трката за големата награда на Абу Даби.
Позицијата на Маси е доведена во прашање, бидејќи токму во последниот круг од трката во Обединетите Арапски Емирати одлучи да го тргне безбедносното возило од патеката, одлука која директно резултираше за освојување на титулата на Макс Ферстапен.
„Многу има напади кон Мајкл, искрено мислам без причина. Од спортска страна гледано мислам дека донесе исправна одлука. Знам колку е посветен на оваа работа и генерално мислам дека треба да остане на оваа позиција“, изјави Фетел.
Германецот е убеден дека Маси не направи грешка во последната трка.
„Ако ја погледнете пошироката слика, се е добро направено. Сега ќе знаеме што треба да се напраи, ако имаме слична ситуација во иднина“, заврши Фетел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА