Себастијан Фетел беше најбрз на Формула 1 трката за големата награда на Канада, но победата ја однесе Луис Хамилтон поради казната од пет секунди на возачот на Ферари кога ја загуби контролата и го приунди пилотот на Мерцедес да излезе од патеката. Третото место му припадна на вториот возач на Фереари, Шарл Леклер кој го имаше и најбрзиот круг на трката и добива дополнителен поен за тоа. Најдобрата четворка ја затвора Валетри Ботас.
„Ова е неправеден свет, па каде да одам кога веќе бев надвор од патеката. Ова е неправда, не може да заврши вака“ – бирно реагираше Фетел на тимското радио.
Тој потоа одби и да даде официјлана изјава, процедура која е вообичаена кога возачите излегуваат од болидите.
„Не ми е драго што победив на ваков начин, но ви благодарам на сите за поддршката. Јас се обидов да го минам, за победата да биде спортска, но не успеав“ – рече Хамилтон.
За Хамилтон ова е петта победа сезонава, трета последовна. Сите триумфи во актуелниот шампионат ги однесе тимот на Мерцедес. Двапати славеше Валтери Ботас. Хамилтон сега има 162 бода, на вторто место е Ботас со 133, а Фетел има 100 на третото место. Следната Формула 1 е по две седмици во Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА