Себастијан Фетел ја вози последната сезона од актуелниот договор со Ферари, а не е ниту блиску до потпишување на договор со некој друг тим од Формула 1 шампионатот. Како што одминува времето голем дел од екипите веќе потпишаа договори со возачи за 2021 година, но Фетел не е премногу загрижен поради тоа, истакнувајќи дека финансиите не му се приоритет, а ако не најде соодветна понуда без многу размислување ќе замине во пензија.
„Оние што ме познаваат знаат дека парите никогаш не ми биле важни. Така е и во овој период, да ме интересираа пари веќе ќе потпишев договор бидејќи имаше заинтересирани тимови. За мене најважно е проектот да ми се допадне, да ја препознаам својата улога во него. Ако не се најде такво нешто, можеби ми е време за пензија, нема да се тркам повеќе и тоа е тоа“, истакна Фетел.
Германецот заработуваше 40 милиони евра по сезона како возач на Ферари, не успевајќи да освои ниту една шампионска титула. Неофицијално, негова желба е да се врати во Ред Бул, но поранешниот тим на Фетел не покажува интерес да го врати овој возач, давајќи им шанса на помлади и далеку поевтини возачи од него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА