Возачот на Ферари, Себастијан Фетел негираше дека во трката за Големата награда на Бахрeин, направи грешка и загуби контрола на болидот поради големиот психолошки притисок. Грешката на Германецот се случи во моментот кога со Хамилтон се бореа за втората позиција, а актуелниот шампион од надворешната страна го премина Германецот, по што следуваше грешката која на крајот го чинеше подиум.
„Искрено мислам дека грешката немаше никаква врска со притисок. Се изненадив кога го изгубив левиот пневматик, а кога се свртев беше предоцна. Погрешив и морам да се помирам со тоа“, рече Фетел.
Четирикратниот шампион во Формула 1 по две трки се наоѓа на петтото место во генералниот пласман. Тој призна дека го чека тешка „домашна задача“ во продолжение на сезоната. Утре се тестовите во Бахреин, на кои се надева дека ќе ги пронајде одговорите поради кои не можеше да му парира на тимскиот колега Шарл Леклерк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА