Фетел: Ова е почеток од соништата, за мене и за Ферари

Себастијан Фетел не го криеше воодушевувањето откако извонредно ја стартуваше новата сезона, триумфирајќи на трката за ГН на Австралија. Возачот на Ферари го остави зад себе фаворитот Луис Хамилтон, најавувајќи многу поголеми возбудувања од ланската сезона во која Мерцедес целосно доминираше.

Ова беше неверојатно, извонредна трка, луѓето излеегоа на патеката со знамиња на Ферари. Ова е почеток од соништата, за мене и за Ферари. Радоста кај сите е огромна, се наоѓаме на седмо небо, но од друга страна сме свесни дека пред нас е долг пат и затоа нема место за еуфорија. Постои простор за напредок, стартот не беше најдобар и треба да поработиме на тоа“ – изјави Фетел.

Поранешниот светски првак цела ланска година не забележа ниту една победа во Формула 1 шампионатот, a последниот триумф го забележа во 2015, на трката а ГН на Сингапур.

Се вчитува...