Себастијан Фетел не може да ја преболи трката во Канада на која остана без остварената победа. Германецот прв ја мина целта, но поради казна од пет секунди на крајот го освои второто место, асот на Ферари лудуваше по трката, а страстите не стивнуваат ниту во текот на денешниот ден.
„Ова само го потврди она што го знаеме, начинот на кој се развива Формула 1 не е добар за спортот, за секој детал имаме строги правила што ги ограничуваат возачките способности. Генерално гледано, ова веќе не е спортот во кој се вљубив кога ја почнував својата тркачка кариера“ – истакна Фетел.
И самиот Хамилтон не беше премногу еуфоричен по новата победа со која се зацврсти на врвот на генералниот пласман.
„Се чувствувам малку празно. Ова беше извонредна трка на два различни тима што завршува на негативен начин. Што се однесува до казната за Фетел, јас не ја донесов и немам никаква врска со тоа. Да бидам искрен, овој триумф носи и чувство на пораз“ – изјави Луис Хамилтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА