Себастијан Фетел е решен да си замине од Ферари, разочаран што повторно немаше шанси за титулата, но и што италијанскиот тим почна разговори за ангажман на Луис Хамилтон.
Британецот би можел да пристигне во Ферари во 2021 година (по истекот на договорот со Мерцедес), а токму тогаш истекува и догвоорот на Фетел со италијанскиот Ф-1 тим. Иако челниците на Ферари размислуваат и за составување на тандем од двајцата врвни возачи, Германецот воопшто не е заинтересиран за такво нешто.
Извори блиски до Фетел тврдат дека следната сезона ќе биде последна за него во овој тим, а поранешниот светски првак веќе почнал да разговара и со заинтересираните странки, за соработка од 2021 година. Мекларен важи за лидер во оваа трка, Фетел веќе разговарал со директорот Андреас Сеидл, со кого соработувал на почетокот на кариерата, додека настапуваше за Заубер. И кај двете страни постои желба за соработка, а се очекува преговорите да се интензивираат по новогодишните празници.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА