Германецот Себастијан Фетел ќе се прости од Астон Мартин и Формула 1 во недела на Големата награда на Абу Даби. Триесет и петгодишниот возач последните две сезони од својата кариера ги мина во Астон Мартин и покрај тоа што ниту тимот ниту тој не ги постигнаа очекуваните резултати, тој истакнува дека е среќен и горд на работата на целиот тим.
Фетел четири пати беше светски шампион, 57 пати ја освои пол-позицијата, има 53 победи и 69 подиуми во 16 сезони во светскиот шампионат. Со Астон Мартин само еднаш беше на подиумот, а пред последната трка сезонава е 11. во генералниот пласман. Неговиот тим во конкуренција на конструктори се бори за шестата позиција со Алфа Ромео, која има пет бода повеќе.
„Изминатите две години беа предизвик бидејќи болидот не беше толку конкурентен како што се надевавме. Оваа година сакавме да направиме значителен напредок во однос на лани, но не успеавме. Сепак, среќен сум за времето што го поминав во овој тим“, изјави Фетел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА