Четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел верува дека ќе го продолжи договорот со Астон Мартин кој му истекува на крајот на сезоната. Како што пренесува британскиот Би-би-си и Астон Мартин е расположен да ја продолжи соработката со Фетел, која трае скоро две години.
Во кулоарите се шпекулира дека и Мекларен е заинтересиран за Фетел, иако го имаат потпишано Даниел Рикардо и за следната сезона.
„Разговорам со тимот и имам јасна намера да продолжам да продолжам да возам во болидот на Астон Мартин“, кратко изјави Фетел.
Фетел ја почна кариерата во Формула 1 во Торо Росо, а потоа премина во Ред Бул со кого стигна до четири шампионски титули. Пред Астон Мартин беше дел од италијанскиот Ферари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА