Себастијан Фетел по долги години си заминување од Ферари, а германската Ф-1 ѕвезда непосредно по разделбата со италијанскиот тим се реши и да се откачи од сите автомобили од колекцијата на Фррари што ги собираше во изминатиот период.
Поранешниот Ф-1 шампион имаше пет луксузни автомобили на Ферари во своја сопственост, но веќе ја најмил британската компанија „Том Хартли Џуниор“ специјализирана за купопродажба на автомобили од највисока класа да најде нови сопствении за нив.
„Пресреќни сме што можеме да ви понудиме неколку нови возила, директно од колекцијата на четирикратниот шампио на Формула 1, Себатијан Фетел. Сите автомобили се лоцирани и регистрирани во Швајцарија“, објави „Том Хартли Џуниор“ на својата веб-страница.
Станува збор за автомобили „Ферари Ла Ферари 2016“, „Ферари Енцо 2004“, потоа „Ферари ФП 1996“, „Ферари Ф12 ТДФ 2016“ и „Ферари 458 Специјале 2015“, од чија продажба Фетел очекува да заработи најмалку десет милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА