Себастијан Фетел е вториот Германец во историјата на Формула зад легендарниот Михаел Шумахер, кој речиси пет години е врзан за постела и во тајност се опоравува од кобниот пад на скијање што му го промени животот. Фетел вели дека тој би неговиот идол и дека многу му недостига.
„Тој беше мјот херој. Имав негови постери на ѕидот, а првпат го сретнав на седум години. После тоа тој ми беше пример за се, ми помагаше со совети. За мене тој секогаш ќе биде најдобриот пилот во историјата на Ф1. Многу ми недостига, се надевам дека ќе се опорави, му посакувам се најдобро“, изјави Себастијан Фетел.
Сезоната во Ф1 заврши, а најдобрите пилоти ги добија и признанијата од ФИА на свечена церемонија во Санкт Петербург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА