Се ближи стартот на новата сезона во Формула 1 шампионатот, во која Себастијан Фетел ќе се обиде да направи чекор напред во однос на претходните години и да го симне Луис Хамилтон од тронот. Германецот има четири титули во Ф1 како член на Ред Бул, но откако дојде во Ферари во 2015 година не успеа да стигне до петтата круна, гледајќи ја доминацијата на Мерцедес (Луис Хамилтон и Нико Розберг беа прваци во овој период).
Ферари е без титула во конкуренција на возачи од 2007 година, последниот трофеј за конструктори италијанскиот тим го освои во 2008, што е само дополнителен мотив за Фетел годинава да одговори на предизвикот.
„Не се предавам, мојот сон е да стигнам до титула со Ферари. Мојот тим е најголемиот бренд во Формула 1, затоа и го избрав кога решив да си заминам од Ред Бул. Немаше да дојдам ако не верував дека тој сон може да ми се исполни, во претходните години бевме блиску, но искрено верувам дека сезонава можеме да стигнеме до крајната цел – титула на која сите заедно ќе се радуваме“ – истакна Фетел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА