ФФ на Албанија се огласи по инцидентот на мечот со Полска: Виновни беа и навивачите на Полска

Натпреварот помеѓу Албанија и Полска од квалификациите за Светското првенство 2022 беше прекинат на 20 минути откако голот на Свидерски со кој Полска поведе со 1-0 во 77. минута од мечот, изразни незадоволство кај навивачите на домашната репрезентација кои со пластични чаши фрлаа кон гостинските фудбалери.

Ден подоцна ФИФА покрена истрага против Фудбалската федерација на Албанија и ги осуди нередите, а сега со соопштение излезе и самата федерација во кое вели дека дополнителен жар на огнот дале и навивачите на Полска.

„Имавме 22 илјади гледачи и неколку десетици поединци го уништија тоа што екипата го направи. Немаме проблематични навивачи, ниту историја со проблеми поврзани со тоа. Мораме да кажеме дека на инцидентот значајно придоеа и навивачите на Полска со постојаните провокации и агреисвното однесување“, стои меѓудругото во соопштението на Фудблската федерација на Албанија.

Се вчитува...