Фудбалската федерација на Македонија упати јавна благодарност до навивачите за поддршката вчера на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје. Околу 20.000 гледачи беа присутни, и покрај силниот дожд кој врнеше речиси во целиот тек на мечот.
Од ФФМ жалат само за резултатот кој не беше позитивен за нашата репрезентација.
„Драги наши навивачи, од срце упатуваме голема благодарност до сите вас кои дојдовте од сите краеви на Македонија да им дадете поддршка на македонските репрезентативци на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот против Бугарија.
Беше навистина импресивно да се види како и на дожд, повеќе од 20 илјади луѓе, безусловно ја сакаат и бодрат Македонија. Од првата до последната минута.
На сите ни е жал што репрезентацијата и покрај големиот напор не успеа на крајот да оствари позитивен резултат, но длабоко сме убедени дека ќе бидеме на највисоко ниво на следните натпревари и одново ќе имаме причина за славје пред полни трибини на Националната арена. До следниот натпревар“, се вели во соопштението од ФФМ на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА