ФФМ: Четири клуба на „дисциплинска“, суспензии за три фудбалери

Дисциплинската Комисија при ФФМ на денешниот состанок донесе одлука за санкционирање на три фудбалери, како и за покренување на дисциплински постапки против четири клуба за кои санкциите дополнително ќе бидат одредени.

Дисциплински мерки: 

Немања Здравковиќ – фудбалер на ФК Пелистер АД – забрана за настап на 2 натпревари

Даниел Мојсов – фудбалер на ФК Тиквеш АД – забрана за настап на 2 натпревари

Јосе Карлос – фудбалер на ФК Македонија ЃП – забрана за настап на 2 натпревари

Матија Мирков – тренер на ФК Вардар АД – забрана за водење на 2 натпревари

Никола Стојаноски – претставник на ФК Вардар – забрана за извршување функција на 1 натпревар

Поведување дисциплински постапки:

ФК Тиквеш АД – поради користење на пиротехнички средства на натпреварот ФК Тиквеш – ФК Вардар (2. коло, Прва МФЛ)

ФК Вардар АД – поради користење на пиротехнички средства на натпреварот ФК Тиквеш – ФК Вардар (2. коло, Прва МФЛ)

ФК Шкендија АД – поради недолично и навредливо скандирање на навивачката група на натпреварот ФК Македонија ЃП – ФК Шкендија (2. коло, Прва МФЛ)

ФК Шкупи 1927 АД – поради неисполнување на неопходните услови утврдени во Правилникот за инфраструктура и стадиони на ФФМ, особено во делот на:

– обезбедување на соодветен терен и пропратни објекти

– исполнување на условите за имплементација на ВАР технологијата

– неможност клубот да обезбеди терен за одигрување на натпреварот ФК Шкупи 1927 АД – ФК Силекс АД, закажан за 17.08.2025 во 17:00 часот

Се вчитува...