Горан Станиќ е назначен за селектор на македонската репрезентација до 21 година.
Откако денеска беше постигнат договор тој да ја води репрезентацијата до 21 година како што дознаваме од Куќата на фудбалот дозволија одличниот стратег до крајот на сезоната да остане на чело на Работнички, со кој е во борба за титулата во ПМФЛ.
Станиќ е поранешен селектор на младинските репрезентации до 17 и 19 години – пласман во Елитна фаза квалификации 2017 (МКД до 17) и 2019 година (МКД до 19). На Европското првенство во 2020 беше дел од стручниот штаб во А репрезентацијата на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА