ФФМ доби признание од Министерството за економија: УЕФА Суперкупот „Скопје 2017“ – најдобро организиран настан!

Фудбалската федерација на Македонија доби специјално признание од Министерството за економија на Република Македонија по повод Светскиот ден на туризмот… ФФМ доби признание за УЕФА Суперкупот, „СКОПЈЕ 2017“ како најуспешно организираниот настан во нашата држава.

По повод Светскиот ден на туризмот, министерот за економија, Крешник Бектеши покрај признанието за Фудбалската федерација на Македонија додели плакети за најуспешните туристички работници здруженија и деловни субјекти од туристичкиот сектор.

„Во Европа позитивно се гледа на македонскиот спорт и нашиот фудбал и се надеваме дека нашите резултати и успеси многу повеќе ќе се ценат и вреднуваат од страна на јавноста и општеството воопшто. Супер Купот – СКОПЈЕ 2017 е најголемиот настан кој нашата држава го организираше, за нас тој настан секогаш ќе буди посебни емоции и секогаш со гордост ќе се сеќаваме на моментите од 8. Август 2017. година. Благодарност до Министерството за економија за признанието, ние како Федерација секогаш ќе се трудиме да ја промовираме нашата држава во европски и светски рамки“  – изјавија Дрилон Ганиу, заменик генерален секретар во ФФМ и Жарко Игњатовски, менаџер за фудбал во ФФМ.

Се вчитува...