Претставници на Mинистерството за одбрана и македонската армија врачија признание на Фудбалската федерација на Македонија за поддршката во организацијата на регионалниот футсал куп „Куп за мир“.
Mинистерствоto за одбрана и армијата од 26. до 30. август беа организатори на 11-от футсал куп под покровителство на меѓународниот сојуз за воени спортови (CISM). На турнирот учествуваа шест држави. Во конкуренција на БиХ, Црна Гора, Словенија, Србија, Хрватска и Македонија, футсал тимот од Босна и Херцеговина го освои првото место.
Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини се заблагодари за признанието, напоменувајќи дека „Куќата на фудбалот“ секогаш ќе биде поддршка за настани од овој или сличен карактер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА