ФФМ додели благодарница за Бирото за јавна безбедност за досегашната успешна меѓусебна соработка (ФОТО)

Претставници на Фудбалската федерацја на Македонија денеска остварија средба со директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи, Сашо Тасевски разговарајќи за досегашната позитивни меѓусебна соработка.

На средбата, Фудбалската федерација на Македонија за досегашната успешна соработка меѓу двете институции додели и благодарницата за Бирото за јавна безбедност.

„Во име на Фудбалската федерација на Македонија би сакал да изразам благодарност до вработените во Бирото за јавна безбедност и директорот Сашо Тасевски за успешната соработка и високото ниво на професионалност во извршување на своите обврски при организација на фудбалските натпревари. Фудбалската федерација на Македонија има партнерски однос со БЈБ во однос на поддршката за успешна организација на натпреварите, пред, за време и по завршување на мечевите. ФФМ добива максимална поддршка од претставниците на Бирото за јавна безбедност се да помине без безбедносни проблеми. Благодариме на секој поединец што придонесе натпреварите да бидат на тоа високо ниво, не само од домашниот шампионат, туку и меѓународните натпревари кои ги организиравме“ – изјави Игор Франговски при врачување на благодарницата до БЈБ од страна на Фудбалската федерација на Македонија.

 

Се вчитува...