ФФМ ги награди репрезентативците, Марјан Стојкоски нов координатор на националните селекции

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница одлучи Лазар Ракиџиев да биде назначен за потпретседател на ФФМ. Ракиџиев е претседател на Општинскиот фудбалски Сојуз – Велес и член на Управниот одбор на ФФМ.

УО на ФФМ покрај тоа донесе одлука и да исплати премија во висина од четири илијади евра за фудбалерите кои настапија за А репрезентацијата на Македонија на квалификациските натпревари за пласман на ЕП 2020. против Летонија и Словенија.

Покрај тоа, Марјан Стојкоски – Манта е назначен за национален координатор на селекциите на Македонија. Стојкоски е поранешен репрезентативец на Македонија кој како фудбалски функционер беше дел од структурите на ФК Победа и ФК 11 Октомври. Марјан Стојковски е претседател на ОФС Прилеп.

На седницата на Управниот одбор на ФФМ беше проследена информација во врска со одржаниот состанок на Одборот на клубовите од Прва МФЛ каде се дискутираше за формирање на Здружение на клубови од Прва МФЛ (прволигаши) и беше објаснето дека согласно Статутот на ФФМ, клубовите од Прва МФЛ можат во секое време да формираат Здружение на прволигаши и на тој начин дополнително да бидат претставени во Собранието на ФФМ.

Се вчитува...