Фудбалската федерација на Македонија на денешниот Управен одбор донесе одлука и за цената на влезниците за престојниот репрезентативен натпревар против Лихтенштајн кој како дел од квалифиакциите за Светското првенство 2026 ќе биде одигран на 7. септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Како што соопштуваат од федерацијата влезниците ќе бидат со цена од 300,00 денари за западната трибина на Националната арена „Тодор Проески“. 400,00 денари е цена на билет за јужна трибина (блок 1, 2, 5 и 6) и северна трибина (блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24). 500,00 денари е цена на влезница од Прва категорија, северна трибина (блок 21 и 23) и јужна трибина (блок 3 и 4).
Фудбалската федерација на Македонија ќе им овозможи бесплатен влез на источната трибина на младите фудбалери придружувани од своите тренери од Детска лига, фудбалските школи од регионалните лиги и сите млади категории (пионери, помлади пионери, кадети, младинци) во клубовите во системот на натпреварување на ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

