ФФМ ги определи кандидатите за најдобрите во мак-фудбалот во сезоната 2016/17!

Фудбалската федерација на Македонија ги определи кандидатите за добивање на признанијата најдобри во пооделни категории за сезоната 2016/2017 во македонскиот фудбал.

Според определбата на ФФМ, љубителите на фудбалот ќе може да гласаат околу изборот на најдобрите во пет категории. Останатите награди ќе бидат определени од страна на стручните комисии при Фудбалската федерација на Македонија.

Меѓу кандидатите за најдобар фудбалер од македонското првенство се Ферхан Хасани и Бесарт Ибраими од Шкендија, како и репрезентативецот Стефан Спировски кој имаше одлична сезона во дресот на Вардар.

Нема гласање за категоријата наш најдобар фудбалер во странство, но согласно сите очекувања ова признание во годината кога настапивме со младата селекција на ЕП во Полска треба да го добие фудбалерот на шпански Леванте, Енис Барди!

За најдобрите во македонскиот фудбал може да гласате на следниот ЛИНК.

КАНДИДАТИТЕ ЗА НАЈДОБРИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ ЗА 2016/17 СЕЗОНА:

Најдобар фудбалер од македонско првенство за 2016/17

2. Најдобар фудбалер во Првата женска фудбалска лига за 2016/17

3. Најдобар тренер во младинска категорија за 2016/17

4. Најдобар фудбалер во младински фудбал за 2016/17

5. Најдобар футсал играч за 2016/17

Се вчитува...