Фудбалската федерација на Македонија го објави рокот за пријавување на кандидати за испит за стекнување со лиценца за ФИФА фудбалски агент кој е во периодот од 19 август до 04 октомври оваа година. Испитот, пак, како што информираат од ФФМ ќе се одржи на 20 ноември 2024 година.
Од ФФМ информираат дека сите заинтересирани лица доколку не се уште регистрирани, може да се регистрираат на платформата: agents.fifa.com.
Апликантите треба да ги исполнуваат критериумите наведени во Правилникот за ФИФА фудбалски агенти, успешно да го положат испитот кој го спроведува ФИФА (електронски) во организација на ФФМ, па доколку успешно го положат испитот да го платат утврдениот годишен надоместок кон ФИФА во износ од 600 долари.
Пред полагање на испитот треба да се уплати такса за организација на испитот кон ФФМ во износ од 250 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА